Инцидентот во Ченто предизвикан од политички побуди со ширење лажни вести

Инцидентот од понеделникот доцна вечерта во скопската населба Ченто, кога дел од локалните жители излегоа да протестираат поради приведување на нивни соседи кои го прекшриле полицискиот час е тенденциозен и со политичка заднина, предизвикан со лажни вести дека приведените тројца биле земени од дома и малтретирани во полициската станица Гази Баба, истакна на прес-конфернеција во вторникот техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кој притоа порача дека минисерството постапува неселективно кон сите граѓани, без разлика на политичката припадност, доколку се прекршени законските одредби и одлуките на Владата.

„Политичката заднина не го оправдува поведението на вчерашниот настан во Ченто, туку говори за тенденциозно загрозување на здравјето на граѓаните кои живеат во овој дел од градот, а кое е предизвикано, меѓу другото, и од политички побуди’ рече Чулев, додавајќи дека граѓаните биле изложени на ризик кој, како што рече, сите може скапо да нè чини.

Чуле впрецизираше дека вчера околу 21,10 часот на социјалните мрежи била забележана фотографија на групирани лица на улицата „Алија Авдовиќ“ во населбата Ченто и полицијата со патрола контролирала дали таму се прекршуваат мерките на Владата за почитување на полицискиот час. Кога патролата пристигнала на посоченото место, имало осум лица и дел од нив се разбегале, а тројца останале на местото и приведени во Полициската станица на територијата Гази Баба за натомошно постапување.

„При лишувањето од слобода, едното лице се пертставило како член на Советот на Општина Гази Баба од редовите на СДСМ, со што сакал  да изврши притисок врз полициските службеници со цел да не биде лишен од слобода“, рече Чулев.

Извршен бил разговор и изготвен службен материјал и врз основа на тоа поднесени се кривични пријави за кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик, меѓу кои и за советникот на СДСМ.

Потоа, рече Чулев, околу 22 часот, е добиена информација дека на местото каде што тие биле приведени е собрана поголема група луѓе чиј мотив била, како што рече,  лажната информација дека тие се физички малтретирани во полициската станица и дека биле лишени од слобода во нивните домови.

„Потенцирам дека двете информации не се точни и тоа е потврдено во исказите што ги дале лицата кои наведуваат дека биле затекнати на улицата ‘Алија Авдовиќ’ и спроведени во полициската станица“, рече Чулев.

Во однос на видео-материјалите објавено на социјални мрежи и на веб-порталите на кои се гледа и слуша дека градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, исто така, од СДСМ, дава ветување дека лично ќе ги ослободи и против нив нема да има поднесок, министерот Чулев нагласи дека МВР постапува „неселективно кон сите граѓани на државата и секаде каде се прекршени законските одредби и одлуките на Владата постапува согласно со законот“.

Затоа, рече, против сите тројца се поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство и дека по сите стандардни процедури во однос на прекршување на забраната за движење и по документирање на случајот, тројцата се ослободени, а потоа групата насобрани граѓани си заминале без полициска интевенција.

За цеосно расчистување на случајот,  МВР презема активности  и е обезеден  видеозапис за да се идентификуваат сите лица кои синоќа го нарушувале јавниот ред  мир и против нив ќе има соодветни кривични пријави.

„А оние кои јавно упатуваат повици за непочитување на движењето, по утврдување на нивниот идентитет ќе бидат поднесени две кривични пријави за две кривични дела – за поттикнување за непочитување на одлуките на Владата и за самото непочитување на одлуките на Владата“, истакна Чулев, нагласувајќи дека на дел од лицата веќе е утврден идентитетот.

Апелираше до сите политички субјекти да се воздржат од секакви изјави и постапки со кои ќе се обидат да ги прекршат законите, а истовремено да ги нарушат и меѓучовечките односи, Тоа, рече, е долевање масло на огнот и во онака кревката состојба во која се наоѓа државата и ја отежнува работата на полицијата и не им одат во прилог на граѓаните.

„Без разлика на политичката припадност, ние сме сите сојузници во ова борба и се бориме со заеднички непријател“, истакна Чулев, апелирајќи до граѓаните да останат во домовите и да ги почитуваат одлуките на Владата.

МВР претходно во вторникот соопшти дека синоќа во 22 часот во Полициска станица Гази Баба полицијата ги лишила од слобода  19-годишниот В.М. од скопското село  Арачиново, 21-годишниот С.Р. од селото Синѓелиќ и 30-годишниот В.В. жител на улицата „Алија Авдовиќ“ во населбата Ченто, затоа што не ја почитувале забраната за движење, а откако биле приведени, поголема група граѓани излегле на улицата „Алија Авдовиќ“ за да протестираат.