Индија ги одбројува моментите до историскиот обид за слетување на Месечината

Индија во средата вторпат ќе се обиде да слета на Месечината, во мисијата која се смета за клучна за истражување на природниот сателит на Земјата и статусот на државата како вселенска сила.

Вселенското летало „Chandrayaan-3 “ на Индиската организација за истражување на космосот (ISRO) ќе се обиде да слета на јужниот пол на Месечината, околу 18,04 часот по локално време (14,34 по средноевропско време) во средата, неколку дена откако неуспех доживеа истата руска мисија „Луна-25“.

Индинската мисија „Chandrayaan“ значи „месечево возило“ на хундуски и санкскрит, е вториот таков обид на земјата. Во 2019 година мисијата на ISRO под назив „Chandrayaan-2“, имаше неуспех кога сондата се урна при атерирањето.

„Слетувањето на јужниот пол (на Месечината) всшност би ѝ овозможило на Индија да истражи дали има воден мраз на Месечината. Тое е многу важно за комулативните податоци и науката за геологијата на Месечината“, изјави Карла Филотико, партнер и генерален директор на консултантската компанија „SpaceTec Partners“.

Идиската јавност трескавично го исчекува слетувањето, а во медиумите се одбројува времето до слетувањето. Молитви се одржуваат во храмовите во земјата, а учениците со национални знамиња го очекуваат преносот од слетување во живо.

Премиерот Нарендра Моди ќе го следи атерирањето од Јужноафриканската Република, каде што учествува на самитот на БРИКС.

Се предупредува дека нерамниот терен го отежнува слетувањето на јужниот месечев пол, а ова би било историско слетување. Водениот мраз би можел да ги снабдива со гориво, куслород и вода за пиење идните мисии, и затоа овој регион на Месечината е од интерес на Кина, Русија и Индија.

За Индија успешното слетува на Месечината би значело нејзин подем како вселенска сила, имајќи предвид дека владата на премиерот Нарендра Моди настојува да ги поттикне вложувањата во приватни вселенски лансирања и сродни потфати.