Индија не ја укинува забраната за извоз на пченица, но директно ќе се договара со владите

Индиjа нема плани наскоро да ја укине забраната за извоз на пченица, но ќе продолжи да договара спогодби кои се склучуваат директно со странските влади, изјави во средата министерот за трговија Пијуш Гојал.

Индија, како втор најголем свески производител на пченица на 14-ти мај ја забрани проватната странска продажба на житарки, откако сушата го намали производството и откако домашните цени достигнаа рекордно високо ниво. Глобалните цени на пченицата по таа одлука остро скокнаа, во заднината на руско-украинската војна.

„Во моментов има нестабилност во светот, а го дозволиме извозот, тоа само ќе им помогне на трговците на црниот пазар и на шпекулантите, што нема да им помогне на навистина ранливите земји Попаметен начин е тоа да го сториме со директни контакти со владите, и така можеме да им понудиме попристапна пченица на најранливите и сиромашни земји“, го цитира министерот Гојал весникот Financial Express во текот на средбата со новинарите на Светскиот економски форум во швајцарски Давос.

Многу земји увозници на пченица, вклучително и земјите од групата најразвиените Г7, побараа до Индија да ја преиспита својата одлука за забрана на продажбаата на пченицата во странство. Американскиот министер за земјоделство Том Вилсак претходно во мај рече дека е „многу загрижен“ поради индиската забрана.

Гојал, исто така, рече дека ќе биде во контакт со Светската трговска организација (СТО – WTO) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) за да ги објасни причините за индиската забрана за извозот на пченицата.

Главната управа за надворешна трговија при индиското министерство за трговија и индустрија, одлуката е донесена како дела од мерките за контрола на растот на домашниет цени, „земајќи го предвид остриот раст на светските цени на пченицата предизвикан од многу фактори“.

Истовремено Индија овозможува испораки на пченицата според неотповикливите акредитиви до 13-ти мај. Друг исклучок од снакции на индиската влада е извозот на пченицата за задоволување на потребите на други земји по барање на нивните влади.

Во март годинава Индија ги најави своите амбиции наскоро да стане водечки светски извозник на пченица. Сепак, поради повеќе причини, вклучително и интензивните горешните во областите каде што се одгледува житарката, Њу Делхи стравуваа од недостиг на внатрешниот пазар.