Индискиот регулатор во сферата на фармаколошките производи сѐ уште одбива да издаде одобрување за употреба на вакцината против Covid-19 по барањето што го поднесе индискиот Институт за серум за препаратот на британско-шведската компанија „AstraZeneca“, како и за индиската „Bharat Biotech“, соопшти во средата телевизијата NDTV, повикувајќи се на сопствени извори.
„Двата предлога не биле прифатени поради недостиг од податоци за безбедноста и ефикасноста (на вакцините), кои се достапни во моментов. Од двете компании се бараат дополнителни податоци“, изјавил неименуваниот соговорник на телевизијата.
Одлуката била донесена на состанокот на стручната комисија на индиската Централна организација за контрола на стандардите за лекови. Комисијата ги разгледувала барањата на индискиот Институт за серуми во врска со вакцината на „AstraZeneca“, како и барањето на индиската „Bharat Biotech“, како и на американско-германскиот тандем „Pfizer/BionNTech“.
Како што рекол за NDTV извор од Институтот за серуми, „вообичината практика е да се одржат неколку состаноци на владата (по прашањата за итна употреба на вакцина)“. Според него, тој очекува овој процес да продолжи следните „седмица или две“.
Претходно беше објавено дека индускиот регулатор во сферата на фармацевтски препарати и медицински помагала во средата ќе ги разгледува апликациите од три компании за доделување лиценца за итна употреба во Индија на нивните вакцини против коронавирусот. Уште претходно беше објавено дека индиската „Bharat Biotech“ и Институтот за серуми, како и американската „Pfizer“, побараа одобрување од индиската влада за итна употреба на нивните вакцини.
Вакцината „Covaxin“, која ја развил „Bharat Biotech“ во соработка со Индискиот совет за медицински истражување и Националниот институт за вирологија, е еден од трите индиски препарат против коронавирусот. Компанијата „Pfizer“ самата побара одобрување за својата вакцина, додека за ткн „Оксфордска вакцина“ на „AstraZеneka“ барањето го поднел индискиот Институт за серуми.
Во моментов во Индија се спроведуваат масовни испитувања на осум кандидати за вакцини против коронавирусот, вклучително и за рускиот и кинескиот препарат против Covid-19.