Индија нема да го продолжува тринеделниот карантин

Индиската владата порача во понеделникот дека не планира да го продолжи тринеделниот карантин во втората најмногубројна земја на светот, и покрај тоа што со новиот коронавирус се заразени повеќе од илјади луѓе.

Во понеделникот се регистрирани 92 нови случаи на заразат, со што досега со коронавирусот вкупно е заразено 1.071 лице, според податоците на индиското министерство за здравство. Починале 29 лица, а 99 се излечиле.

Од 20-ти март постојано се зголемува бројот на заразените, а во саботата коорнавирусот беше потврден кај 179 луѓе, штое најголем дневен раст.

Највисоките индиски функционери порача дека не планираат да го продолжат карантинот по 14-ти април, по наводите дека владата разгледува продолжувањето на карантинот проади ризикот кој го претставвуаат масовните враќања на Индијците од големите градови во кои се на привремена работа, во своите родни краеви.

„Постојат шпекулации и медиумски написи според кои владата ќе го продолжи карантинот. Главниот секретар на владата ги отфрла таквите тврдења и ги оценува како неосновани“, се наведува во објавата на Twitter на службата за односи со јавноста на индиската влада.

Премиерот Нарендра Моди минатата седмица се извини поради тешкотиите со кои е соочуваат сиромашните работници и нивните семејства, а кои останале без работа во големите градови и немаат како да се вратат во своите домови во провинцијата, бидејќи не функционира меѓуградскиот сообраќај.

Според медиумите, дел од тие луѓе пешки се упатиле кон десетици километри оддалечените домовите, соочени со изборот да пешачат до своите куќи или да останат во големите градови без приходи и прегладнети.

Групирањето на големиот број луѓе на контролните точки и на автобуските станици ширум земјата, ги загрози индиските планови за созбивање на епидемијата на коронавирусот во Индија.

Според медиумските наводи, владата во Њу Делхи во следните седмици ќе направи процени кои области со голем број заразени лица треба да бидат изолирани.