Здравствените власти на Индија потврдија во четвртокот 17.296 новозаразени лица со Ковид-19 што претставува зголемување за 374 во однос на бројката на заразени забележана ден претходно и бележи рекордно високо ниво во јужноазиската нација.
Со овие бројки на новозаразени, вкупно инфицирани со Ковид-19 во Индија достигна 490.401 лице. Во меѓувреме бројот на починати од новиот вирус се зголеми на 15.301 лице, откако здравствените власти потврдија дополнителни 407 смртни случаи поврзани со вирусот во текот на денот.
Од друга страна, вкупниот број на оздравени се зголеми за најмалку 13.940 на 285.636 оздравени лица.