Над 1.700 луѓе ги загубија животите во Индија поради жештините кои зафатија големи реони во државата. Најтопло е во јужните држави Андра Прадеш и во Телангана каде жертви се 1.300 односно 440 луѓе.
Температурите таму веќе неколку дена се околу 47 сетепени Целзиусови. Владата во Андра Прадеш отвори мобилни пунктови за помош.
Топлотниот бран однесе животи и на десетици луѓе во државите Запден Бенгал, Бихар, Одиша и во главниот град Њу Делхи. Локалните метеоролози предупредуваат дека бранот високи температури ќе трае до крајот на неделата.