Индијана славеше против Атланта, порази на Орландо и Феникс

Ноќта во четвртокот во НБА лигата се одиграа неколку натпревари во коишто Индијана Пејсерс ги совладаа Атланта Хоукс, додека сериите порази ги продолжија Орландо Меџикс и Феникс Санс.

Индијана Пејсерс со 105:95 беа подобри од Атланта Хоукс на нивен терен. Атланта немаше шанси на овој натпревар, бидејќи Пејсер ги добија првите три четвртини и на почетокот од последната влегоа со предност од седум поени. Виктор Одалипо, кој беше најдобар стрелец на мечот, постигна „тројка“ на помалку од шест минути пред крајот за водство на Индијана од 15 кошови, со што беа стивнат сите надежи на домашните.

Орландо Меџикс загубија од Чикаго Булс со 94:112. За Орландо ова е шести пораз во низа, а изминатата ноќ во ниеден момент не беа во водство а најголемото заостанување зад Булс изнесуваше 30 поени.

Никола Вучевиќ беше најефикасен кај Орландо со 18 кошови и 10 скокови, а Илфрид Пејтон додаде 14 поени со 8 асистенции и 6 скокови . Булс ги предводеше Дензел Валентајн со 16 погодоци, додека Крис Дан и Никола Миротиќ додадоа по 15 поени.

Лос Анџелес Клиперс со 108:95 ги победија Феникс Санс. Клиперс одиграа одлична одбрана, и ги ограничија Санс на шут од игра на 36 отсто при што погодија само 8 „тројки“ од 35 обиди.

Најдобар стрелец за Санс бепе Ти Џеј Ворен со 22 поени. Кај Клиперс, пак, предводник беше Остин Риверс со 21 кош следен од Ли Вилијамс со 18 поени.