Индијка го напaдна демначот и му ги отсечe гениталиите

Средовечна жена во Индија го нападнала мажот за кој се сомневала дека ја демне и му ги отсекла гениталиите, по што го донела во болница за да му го спаси животот, соопштија полициски извори во четвртокот.

Обвинетата жена во вторникот наговорила двајца мажи наводниот 25-годишен демнач да го намамат во зафрлен дел од преградие на Мумбаи, каде што тројцата го нападнале, а жената со кујнски нож му ги отсекла генителиите, рекле од полицијата.

Четириесет и дветгодишната жена во полицијата рекла дека можот бил нејзин сосед, како и дека неколкупати ја злоставувал. Решила „да му одржи лекција“, рекол за Reuters полициски инспектор. Но сфатила дека би можел да умре, и го одвела во полицијата.

Ножот и отсечените гениталии се пронајдени и задржани, рекле во полицијата. Жената и двајцата нејзини помагачи во моментов се во полициски притвор додека трае истрагата.

„Мажот е приклучен на апарат за дишење и натаму е во критична состојба“, рекол лекар од болницата во која е хоспитализиран несреќникот.

Сексуалното насилство и злоставување на жените претставува голем проблем во Индија, кој последните години предизвикува голем гнев во јавноста и масовни протести. Полицијата и владите се критиирани, бидејќи не успеваат ниту улиците на големите градови да ги оддржуваат безбедни.