Индонезиската морнарица објави дека исчезнатата подморница потонала

Подморницата којашто исчезна покрај брегот на Бали е потоната, објави во саботата воената морнарица на Индонезија, со што целосно ги намали надежите дека 53-цата членови на нејзиниот екипаж ќе бидат спасени.

Иднонезиски функционери во петокот изјавија дека „подморницата сѐ уште е цела и дека екипажот ќе има доволно воздух до саботата утрото“ по локално време. Во потрагата и во саботата помагаат Сингапур, Малезија, Австралија, Индија и САД.

Челникот на индонезиската морнарица Џудо Маргоно објави дека пронајдените остатоци од подморницата „KRI Nanggala 402“, вклучително и прдмети од пловилото за кои се проценуваше дека до саботата ќе ги потроши сите резерви од кислород.

Бојни бродови, авиони и ститици припадници на војската со денови трагаа по исчезнатата подморница од германско производство со којашто беше изгубен контактот претходно оваа седмица. Властите потврдија дека подморницата имала резерви кислород за само три дена по губењето на енергијата, а тој рок изминал во саботата утрото по локално време.

Претходно морнарички експерти наведоа дела мора да се разгледа можноста дека подморницата паднала под својата максимална длабочина на нурнување, што доведува до имплозија на пловилото, односно распаѓање на пловилото. Индонезија ја набавила подморницата во 1981 година, а власта тврди дека била исправна.

„Го променивме нејзиниот статуст од ‘исчезната’ во ‘потоната’. Предметите не можеле да излезат од од пловилото без надворешен притисок или оштетување на лансерот за торпедата“, изјави Маргоно нагласувајќи дека пронајдените предмети не можело да потекнуваат од друго пловило.

Морнарички функционери на средбата со новинарите покажале неколку предмети, вклучително и дел од торпеди и сад со маслко користерно за перископот.

Оваа подморница е една од петте во индонезиската воена флотила, исчезна рано претпладнето во срдата во текот на воени маневри во близина на познатиот туристички остров Бали.

Нафтената дамка во близина на последната локација на подморницата укажуваа на можно оштетување на резервоарот за гориво и ги поттикна стравувањета од трагична катастрофа. Стручњаците предупредуваа дека поморницата може да биде уништена под притисокот на водата на нивото од 700 метри длабочина, многу повеќе отколку што може да издржи.