Индонезискиот претседател го потврди селењето на престолнината од Џакарта која тоне

Индонезискиот претседател Џоко Видодо потврди во четвртокот дека главниот град на земјата ќе биде преселена од Џакарта која брзо тоне и е задушена од сообраќајот на островот Борнео.

„Нашиот главен град се преместува на островот Калимантан. Ќе биде сместен во централе, источен или јужен Калимантан. Темелно ги проучивме сите апсекти и одлугата ќе биде во согласност со националната визија за следните 10, 50 и 100 години“, напиша на својот профил Twitter претседателот Џоко Видодо користејќи го индонезискиот термин за остовот Борнео.

Градот Палангкараја и областа во близина Баликпапана, богата со нафта, се разгледуваат меѓу веројатните локации за новиот главен град на Индонезија. Стручњаците тврдат, дека за разлика од другите делови од Индонезија, поголемиот дел од Борнео не го тресат вулкански ерупции и земјотреси.

Според пресметките, околу 40 отсто од Џакарта, којашто во моментов има 10 милиони жители, се наоѓа веќе под нивото на морето и продолжува да тоне. Владата, притоа, ги наведува закрченоста на сообраќајот, честите поплави и одроните како главни причини за преселување. За масовното избивање подземни води, експерите ги обвинуваат жителите, деловнтеи згради, трговските центри и апартманите. Околу 640 милиони кубици подземни води секоја година се испумпуваат од почвата, наведуваат градските власти. Економските загуби поради градските сообраќајни метежи се проценуваат на 7 милијарди долари годишно.

Владата сака да започне да се сели во новата престолнина до 2024 година, по завршување на вториот претгодишен мандат на Џоко. Министерот за планирање на националниот развој, Бамбанг Бодџонегоро, претходно годинава дека преселувањето ќе чини 33 милијарди американски долари. Финансирањето на изградбата ќе вклучува овозможување на градителите на станбените населби да управуваат со владиниот имот во Џакарта во замена за помагање во издрадбата на новиот град, додаде.

Некои еколошки активисти го критикуваат планираниот потег, предупредувајќи дека градењето на новиот град во централната шумска област ќе нанесат штети на природната околина. „Од владата тврдат дека спровеле студии за влијание на околината, но то а не беше транспарентно“, вели Дисмас Хартоно, директор на индонезиската непрофитна органиаци за околуна Walhi.