Инфлација во Турција од 61,14 отсто, највисока во последните 20 години

Инфлацијата во Турција достигна денеска 61,14 отсто, што е најмногу во последните 20 години, објави Турскиот институт за статистика. Според податоците, цените во земјата се зголемиле за 5,46 отсто во март годинава, во споредба со февруари.

Меѓугодишната инфлација во февруари изнесувала 54,44 отсто.

Центе најмногу се зголемиле во сообраќајот, за 99,12 отсто, и кај храната, 70,33 отсто.

Ситуацијата е последица на економската криза која се влоши како резултат на пандемијата со ковид-19.

Сега, поради војната во Украина, се зголеми и цената на енергенсите и на житните култури.