Потрошувачките цени во Германија благо забрзале во јануари, покажуваат во четвртокот објавените прелиминарни податоци на статистичкото биро, сигнализирајќи застој во очекуваното попуштање на инфлацијата.
Годишната инфлација во Германија изнесувала во јануари 8,7 отсто, според индексот на потрошувачките цени на германското биро за статистика Destatis кој се базира на моментално достапните податоци. Во ланскиот декември изнесувала 8,6 отсто, потврди во ревидираниот извештај бирото.
Процената на Destatis сигнализира застој во попуштањето на инфлацијата којашто во октомври кога го достигна највисокото ниво од обединувањето на Германија од 10,4 отсто. Во ноември се спуштила на 10,0 отсто, а во декември значи на 8,6 отсто.
Во однос на декември цените во првиот годинешен месец пораснале за 1 отсто, пресметале статистичарите. Во декември се намалиле на 0,8 отсто.
Искажана со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), кој се користи за споредба на земјите членки во ЕУ, годишната стапка на инфлацијата изнесувала 9,2 отсто и била пониска за 0,4 процентни поени отколку во декември, според пресметките на Destatis. На месечно ниво, пак, HICP покажува раст на цените во јануари за 0,5 отсто, а во декември наводно паднале за 1,2 отсто.
Статистичкото биро, инаку, доцнеше две седмици со објавувањето на процените за инфлацијата во јануари, како што наведуваат, поради технички проблеми кои се појавиле поради обемната обработка на податоците.
Напоменуваат дека и ја променила базната година за пресметките, од 2015 на пандемиската 2020 година, и најавија конечни податоци за јануари заедно со сите повторно пресметани резултати од јануари 2020 година за 22-ри февруари.
Имајќи предвид дека од Destatis не му доставиле на Eurostat податоци за инфлацијата за јануари во Германија, годишната инфлација во еврозоната веројатно ќе биде ревидирана нагоре, можно за 0,1 процентен поен, смета Карстен Брзески, економист во банката ING.
Првата процена на Eurostat, без германските податоци, покажала дека инфлацијата во еврозоната во јануари забавила на 8,5 отсто, најниското ниво во последните осум месеци од 9,2 отсто во декември. Темелната инфлација, пак, останала непроменета на 5,2 отсто.
Еконимистката на „Capital Economics“, Франческа Палмас, оценува, пак, дека германските податоци за инфлацијата прилично разочарале бидејќи не се доволно јасни, и тоа во моментот кога владите и инвеститорите внимателно ја следат статистиката, пренесува агенцијата DPA.