Tрошоците на животот (инфлација) во септември годинава во однос на септември лани се зголемени за 18.7, а индексот на цените на мало за 14.7 проценти.
Во однос на август годинава, пак, трошоците на животот пораснале за 1.6, а цените на мало забележале пад од 0.1 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сирењето и урдата за 9.9 %, свежото и разладеното овошје за 6.3 %, млекото за 5.7 %, рибата и морските плодови за 3.5 %, свежиот и разладениот зеленчук за 3.1 %, пивото за 2.9 %, лебот и житата за 2.6 %, месото за 2.2 %, виното за 1.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.7 %, жестоките пијалаци за 0.6 % и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.2 %.
Раст е забележан и кај цврстите горива за домаќинствата за 15.2 %, велосипедите за 9.1 %, мебелот и покуќнината за 6.9 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 6.1 %, малите алатки и останатите додатоци за 6.0 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 5.9 %, теписите и другите подни покривки за 5.4 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 4.2 %, кај услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1.5 %, патниот патнички транспорт за 1.4 %, поправките на мебелот и друго.
Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1.1 % и минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.6 %.
Во септември, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34.0 %, туристичките аранжмани за 13.2 %, гасот за домаќинствата за 4.4 %, кај услугите за сместување за 3.8 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2.9 % и кај електричните апарати за лична хигиена за 1.1 %,