Инфлацијата во Турција надминала 36 отсто

Годишната стапка на инфалцијата во Турција во декември 2021 година достигнала 36,08 отсто, што е највисокот ниво во приближно две децении, покажуваат во понеделникот податоците на статистичката служба во Анкара.

Во ноември минатата година, инфлацијата во Турција изнесувше 21,31 отсто, се потсетува.

Стапката на инфлацијата во Турција, така, е повисока за повеќе од двојно од летото, меѓудругото поттикната и со повисоките цени на храната. Само во однос на ноември, декемвриските потрошувачки цени скокнале за 13,6 отсто, покажуваат статистичките податоци.

Производствените цени во декемри пораснале дури за 79,89 отсто во однос на истиот месец 2020 година, а нивниот раст веројатно ќе се прелее во повисоките потрошувачки цени, барем во одредена мера и со одредено временско заостанување, проценуваат економските аналитичари.

Во услови на брзо слабеење на турската национална валута лирата, што оди паралелно со растот на цените, увозот на стоки во Турција станува поскап. Покрај тоа, цените на суровините на светските пазари се релативно високи, што е една од причините за тешката економска ситуација во Турција, којашто исто така се одразува и на високата стапка на невработеност.

Турција и годинава ја очекува значително зголемување на цените на енергијата. Во првите денови од новата година цените на струјата за домаќинствата пораснаа за околу 50 отсто, а за компаниите и големите потрошувачи за повеќе од 100 проценти, извести регуалторот за пазарна енергија.

Ситуацијата се влошува со месеци наназад и поради мерките на турската централна банка којашто под притисокот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган последниот период дополнително ја намалуваше клучната каматна стапка и покрај високата инфлација. Централната банка вообичаено против галопирачката инфалција се бори со повисоки клучни каматни стапки, но Ердоган има сопствена економска доктрина, и смета дека токму високите каматни стапки ја поттикнуваат инфлацијата.

Турската опозиција, особено челникот на главната опозициска Републиканската народна партија (CHP), Кемал Киличдароглу, повторно остро го критикуваше претседателот Ердоган. Го нарече „економски гениј во претседателскиот дворец кој расипа сѐ што допре“. Опозицијата се сомнева и во официјалните податоци за инфлацијата и претпоставува дека таа е уште повисока.

На девизниот пазар турската лира во понеделникот повторно се најден под притисок, ослабувајќи во претпладневното тргување за дополнителни повеќе од 2 отсто во однос на американскиот долар и еврото.