Наместо ветените реформи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по налог на неговиот партиски шеф и премиер Зоран Заев вос асботата повика новинари да го снимат фамозниот блиндиран „мерцедес“ во обид да се сокрие безидејноста и немањето на вистински план за работа, потпирајќи се на планот „купи ден, помини“, пишува во неделата Инфомакс.
Меѓутоа, вистинската забеганост кај СДСМ, како што се навдува во написот, се огледува и во тоа што тие сметаат дека граѓаните немаат долга меморија, па Заев и Спасовски во неколку наврати се обидуваа да лажат дека „мерцедесот“ кој чинел 585.000 евра, бил запуштен и оставен на милост и немилост на мачките кои го гребеле додека бил во гаражата.
„Претходно информиравме дека Спасовски по налог на Заев и Шеќеринска намерно го оштетувале возилото, за денес да можат да направат ПР спектакл и да ја замауваат јавноста, наместо да дадат одговори за неработењето и неспроведувањето на ветените реформи“, пишува порталот.
Инфомакс пишува и дека Спасовски намерно го оштетувал „мерцедесот“, покажува и фактот што само пред дваесетина дена во него се возеа и високиот комесар од ЕУ Јоханес Хан, но и Доналд Туск, при нивната посета на шефот на државата Ѓорѓе Иванов.
„Како што може да се види од фотографиите, возилото било во перфектна состојба, наспроти тврдењата и лагите на СДС, Заев и Шеќеринска дека веднаш по објавувањето на нелегално стекнатите и монитрани снимки, истиот бил запоставен и оставен да го гребат мачки“, пишува Инфомакс.