Стандардниот првотимец во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Андрес Иниеста, откри дека актуелниот шампион на Шпанија ќе игра офанзивно, напаѓачки на неделниот дерби натпревар против директниот ривал во борбата за шампионската титула, тимот на Реал (М).
“Свесни сме дека мора да го дадеме максимумот секогаш кога за противник го имаме тимот на Реал (М), секогаш кога гостуваме на “Сантијаго Бернабеу”. Сега е вистинскиот момент за да го покажеме вистинското лице на Барселона. Мора да бидеме храбри, топката мора да биде во нашите нозе. Ако не одиграме со едно такво ниво, тогаш ќе бидеме во големи проблеми. Играме таму каде што се бара најмногу. Не дека имаме негатива од 20 бода, Барселона се уште е во игра за шампионската титула, нема ништо сигурно. Ќе играме офанзивно, ќе го нападнеме противникот, ќе се обидеме да победиме, да ги освоиме сите три бода”, изјави репрезентативецот на Шпанија.