Државниот пазарен инспекторат во периодот од 27.03 до 09.04.2023 година има извршено над 1100 инспекциски надзори на целата територија на РС Македонија.
Во наведениот период од страна на ДПИ наплатени и издадени се над 230 прекршочни платни налози со вредност над 7.727.000 денари, од кои:
• 50 прекршочни платни налози по Закон за трговија
• 32 прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност
• 26 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето
• 80 прекршочни платни налози по Закон за финансиска дисциплина
• 16 прекршочни платни налози по Закон за енергетика
Во горенаведениот период на територија на РСМ се извршени над 280 инспекциски надзори и контроли по Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговија на мало и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 110.000.00 денари.
-ДПИ и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по Одлуките на Владата. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на овие Одлуки.
Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа, велат од таму.