Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) би требало да пристигнат во нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина а е под контрола на силите на прорустките сепаратисти и руската војска, во четвртокот утрото, објави во средата новинската агенција ТАСС повикувајќи се на привремената проруска администрација во регионалниот центар Енергодар во близина на нуклеарката.
Инспекцијата ќе трае еден или два дена, а во најголемата нуклеарна централа во Европа по прегледот ќе останат меѓу шест и осум експерти на IAEA, изјавиле претставници на привремената регионална администрација во Енергодар.
Претходно во средата Reuters го цитираше челникот на IAEA, Рафаел Гроси, кој искажа намера во Запорожје да воспостави постојана надзорна мисија на оваа агенција во рамките на Обединетите нации.
Централата руските сили ја заземаа во првата седмица од својата инвазија во Украина на почетокот од март, а и натаму ја опслужува украински технички персонал. Руски извори обвинуваат дека властите во Киев во оваа централа вршеле проби за правење ткн „валкана (атомска) бомба“.
Москва уште пред повеќе од три седмици во ОН повика на испраќање на меѓународна мисија на IAEA во Запорожје. Но Киев се противеше досега на тоа, наведувајќи дека наводно тоа ќе ја „легитимизирало руската окупација“, пред веројатно под сојузнички притисок да се согласи на мисијата.
Украина инсистираше на тоа дека мисијата во Запорожје треба да отпатува од територијата која ја контролираат нејзините сили, што значи дека инспекторите мора да ја минат линијата на фронтот со безбедносни гаранции од двете страни. Мисијата на патот тргна во Киев во средата рано утрото.
Двете страни меѓусебно се обвинуваа за гранатирања на нуклеарката, а руската страна која ја контролира изминатите денови објави дека во украинските сили во гранатирањата уништиле далновода поврзани со двата преостанати активни реактора, како и дека го оштетиле бетонираниот покрив на објектот во кој се чува горивото.