Социјалните мрежи Instagram и Twitter објавија дека ги ограничиле корисничките профили на американскиот рапер Кание Вест, поради објави коишто ги оцениле како антисемитски.
Портпаролката на Twitter изјавила за AFP изјавила во неделата дека профилот на Вест е делумно блокиран поради кршење на правилата на платформите на социјалните медиуми.
Портпаролот на компанијата „Meta“, сопственик на платформата Instagram, рекол дека ја отстраниле содржината, без да наведе са кои објави станува збор, од профилот на Вест поради нарушување на правилата. Од Instagram, исто така, рекле дека делумно го блокирале профилот на музичарот, што може да вклучува спречување на објави, коментари или испраќање приватни пораки.
Ваквите ограничувања се воведен откако црниот музичар, кој сега се нарекува Је, предизвикал контроверзии носејќи маичка со натписот „Животот на белците се важни во текот не неодамнешната седмица на модата во Париз, преиначувајќи го мотото „И црните животи се важни“.
Ова мото стана паролата на протестите против расизмот и полициската бруталност во САД поттикнати од убиството на Џорџ Флојд во 2020 година, кои благодарејќи на екстремно левите движења финансирани од приватни неолиберални фондации и невладини организации се проширија во западниот свет.
Во петокот 45-годишниот Вест на Instagram објави снимки од екранот со текстуалната преписка со раперот Диди, кој го критикуваше Вест поради маичката и пораката.
„Ќе те користам како пример да му покажам на еврејскиот народ кој ти кажал да ме повикаш, дека никој не може да ми се заканува, ниту да влијае врз мене. Ти кажав дека ова е војна. Сега продолжи си со работата“, напиша музичарот.
Објавите во меѓувреме беа избришани од платформите, но снимките од пораките сѐ уште можат да се пронајдат на интернет.
Потоа Вест на Twitter рече дека ќе ги цели Евреите во објава којашто апликацијата за микроблогирање ја блокирала, поради кршењето на нејзините правила.
Американскиот еврејски комитет (AJC) се нафрли на Вест поради „поттикнување омраза кон Евреите“. „Кание Вест би требало да смисли како да ги изразува ставовите без употреба на антисемитизам“, соопшти оваа организација.
На Вест, кому контроверзиите не му се туѓи и кој отворено зборуваше за својата борба со биполарното нарушување, во март годинава на 24 часа му беше забрането објавување на Instagram, во екот на разводот од телевизиската реалити ѕвезда Ким Кардашјан.
Претходно минатата седмица, германскиот гигант за спортска опрема „Adidas“ соопшти дека го преиспитуваат своето партнерство со Вест, откако наводно станал незадоволен од начинот на кој брендот ги пласира неговите производи. Во септември, пак, Вест и малопродажниот бренд „Gap“, исто така, објавија раскинување на партнерството.