![_uploads_thumbs_resize_800x420_605808](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/uploads_thumbs_resize_800x420_605808.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
На лидерската конференција во рамки на Подгоричкиот клуб која се одржа во Скопје, порачаа дека е време унијата да преземат конретни политички одлуки. Поранешниот претседател Бранко Црвенковски даде предлог, во меѓувреме земјите од регионот заеднички да иницираат постепена интеграција, преку економска соработка со Евроспакта унија.
Во случајот со Македонија се направија сите можни прседани и се демонстрираше целосна непринципиелност од страна на ЕУ, рече Црвенковски.
„Кога се спомнува 2030 како термин за можно проширување, реченицата да се дополни со : доколку Унијата дотогаш се реформира и се подготви за проширување. Сите земји од Западен Балкан, без исклучок заедно да побараме до ЕУ пристап до заедничкиот европски пазар и до структурните фондови на Унијата, не како алтернатива на полноправното членство, туку како меѓуекор кој дополнително ќе не подготви за целосно интегрирање“, вели Бранко Црвенковски.
Наспроти големите ветувања од европските челници, проширувањето на ЕУ станува се подалечно, смета поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ. Рече дека уште подолго регионот ќе чека за членство, доколку унијата одлучи да ги вклучи и Украина и Молдавија.
„Оваа денешна унија има повеќе влијателни членки кои воопшто не сакаат проширување, како и оние кои во иднина сакаат унија во повеќе кругови. Не кругови во пеколот.. Јас тоа не го поддржувам. На тој начин, наместо земјите од Западен Балкан да станат полноправни членки на ЕУ, би станале дел од унијата. Само дел од унијата. Но, во некој надворешен круг кој вклучува земји од работ на Европа. Тоа би било, ако можам да го наречам ‘сурогат членство““, рече поранешниот хрватски претседатл Стјепан Месиќ.
На конференцијата одржа говор и претседателот Стево Пендаровски, кој рече дека по декемврискиот самит и внатрешните избори на унијата, ќе биде уште покомплицирано за земјите кои чекаат преговори.
„Еден од најчестите коментари во регионот е дека, ако Македонија, и покрај промената на името не доби почеток на преговорите за членство, тогаш што можат и што треба другите да направат за да напредуваат на тој пат. На претстојниот декемвриски самит, Европскиот совет има можност да донесе одлуки за побрза интеграција на земјите од западниот Балкан, наместо да го одложува тоа прашање за по европските избори“, рече македонскиот претседател Стево Пендаровски.
На конференцијата на Подгоричкиот клуб говореа и поранешните претседатели на другите држави од регионот, како дел од низата настани кои ги организираат поврзани со мирот и безбедноста на западен Балкан.