![133582421 македонија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/133582421-1.gif?resize=640%2C364&ssl=1)
Има моменти во животот кога ништо не е поважно од големата идеја- ТАТКОВИНАТА! Да се сплотиме во име на нашите поколенија кои треба да ја запишат нашата храброст и борба за нивниот дом. Да не бидеме колнати и проколнати зошто сме ја изгубиле државата заради малодушност и неслога. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА, пишува професорката Виолета Ачковска.
На телефон со политички активен човек од голема европска држава, мој пријател и пријател на Македонија, и ми вика, а замисли пред само две години бевте скоцкана, средена земја, без никакви проблеми….Е замисли де, пишува Цветин Чилиманов.
Македонија нè повикува повторно. Тогаш кога истите Вие со последната капка пот се боревте да го блокирате формирањето на независна и суверена Македонија денес по 26 години се подготвувате сето стекнато да го распродадете…Зошто? Од каде ви е таа толкава омраза кон Македонија…Ве предупредувам…Не играјте си со оган ќе изгорите. Ние Македонците по род и крв ви даваме на знаење дека само преку нас мртву ќе можете да тргувате со Македонија, пишува Иван Соколов.
Како се чини, сите спонзорирани повици за револуции, промени и протести кренаа погрешна целна група. Нае**вте, шаренки, стои во статусот на Борис Дамовски.
Инаку, десетици патриотски организации, граѓански иницијативи и бројни интелектуалци се мобилизираат против федерализацијата на Македонија, откако на повидок е погазување на волјата на македонскиот народ и коалиција помеѓу ДУИ и СДСМ со целосното прифаќање на албанската платформа од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Лавина од реакции има и на социјалните мрежи, каде атмосферата е зовриена после откривањето на содржината од договорот меѓу СДСМ и албанските партии. Граѓаните се бесни и бараат одговорност и реакција на обидите да се воведе двојазичност во Македонија, посебно со договор аминуван од партија која ја нема поддршката од мнозинството граѓани во Македонија.