Интер и Јувентус плаќаат по двајца тренери

Откако ги објавија платите што на годишно ниво ги заработуваат фудбалерите во Серија А, италијанските медиуми во средата објавија колку заработуваат тренерите во најсилната италијанска фудбалска конкуренција.

Според плата тренерската фела во Италија ја предводи Антонио Конте. Тренерот на Интер годишно заработува 11 милиони евра, а она што е интересно е дека втор на листата е поранешниот тренер на Јувентус Масимилијано Алегри.

Алегри нема работа но се уште е на платниот список на Јувентус. „Страта дама“ ќе му исплати 7,5 милиони евра. Кога на оваа сума ќе се додаде и платата на новиот тренер Маурицио Сари (5,5 милиони евра) се доаѓа до сума од 13 милиони евра.

Двајца тренери плаќа и Интер, на платниот список е и претходникот на Конте, Лучано Спалети. Неговата плата изнесува 4,5 милиони евра.

Зад Конте и Сари се наоѓа предводникот на Наполи, Карло Анчелоти (5 милиони евра), а потоа следуваат новиот тренер на Рома, Паоло Фонсека и Синиша Михајловиќ од Болоња со по три милиони евра.

На дното на листата според годишните примања се тренерите на Бреша и Џенова, Еугениот Корини и Иван Јуриќ (600.000 евра), односно Игор Тудор од Удинезе (500.000 евра).