Лионел Меси и неговиот Интер Мајами се елиминирани во четврт-финалето на Купот на шампионите КОНКАКАФ, Конфедерацијата на Северна и Централна Америка и Карибите.
По поразот од 1:2 во првиот натпревар во Мајами, кој светскиот шампион од Аргентина го пропушти поради повреда, Интер во средата вечерта загуби со 1:3 од Монтереј во Мексико, со што се пласираше во полуфиналето со вкупни 5:2.
Меси првпат се врати во составот на Интер Мајами по речиси еден месец поради повреда, но беше немоќен против Мексиканците, особено по црвениот картон на Жорди Алба во 78. минута. Од почетокот играа уште двајца поранешни играчи на Барселона, Луис Суарез и Серхио Бускетс.
Меси има уште две шанси да освои титулата со Мајами оваа сезона, во американскиот МЛС-шампионат тимот е на третото место во Источната конференција, а покрај тоа е Лига купот кој се одржува на лето.
Купот на шампионите КОНКАКАФ е главното регионално клупско натпреварување за Северна Америка, Централна Америка и Карибите, при што победникот на овогодинешниот турнир ќе заработи место на проширениот Светски клубски куп следната година.