Фудбалерите на Интер славеа во 36-то коло на Серија А на гости кај Џенова со 3:0, и на три кола пред крајот на второто место.
Интер до победата го донесоа Ромелу Лукаку со погодоците во 34 и третата минута од судиското продолжение и Алексис Санчез во 82 минута. Лукаку со 23 голови оваа сезона и на три гола пред крајот на сезоната се доближи до Бразилецот Роналдо со 25 и Унгарецот Иштван Нереш со 26 погодоци како играч на Интер кој постигнал толку голови и бил прв клупски стрелец во дебитантската сезона во Серија А.
Интер, кој нема пораз во последните шест кола, сега за бод ја мина Аталанта, има 76 бодови, додека водечкиот Јувентус има 80 бодови, кој во недела ја пречекува Сампдорија. Џенова остана на 36 бодови на 17-то место, последното кое гарантира опстанок, четири повеќе од Лече кое има меч помалку.
Во следниот денешен меч Наполи со 2:0 на домашен терен го победи Сасуоло. Стрелци за победниците беа Елсеид Хусај во 9 и Ален во третата минута од судиското продолжение на натпреварот.
Со оваа победа Наполи му се приближи на Милан на шестото место, последното кое води во Лига Европам, на само бод заостанување. Сасуело е осмо со 48 бодови.
Во првиот саботен меч Парма како гостин кај Бреша славеше со 2:1. Во резултатски неважниот дуел, Парма поведе со голот на Матео Дамиан во 60 минута, но веќе по три минути израмни Даниеле Десена. Победата на Парма ѝ ја донесе Швеѓанецот со македонски кроени Дејан Кулушевски кој погоди во 83 минута.
Парма е 10-та со 46 бодови, а Бреша е одамна отпишана, претпоследна е со 24 бодови.
Во недела на програмата се мечевите Болоња – Лече, Рома – Фиорентина, Верона – Лацио, Калјари – Удинезе, СПАЛ – Торино и Јувентус – Сампдорија.