Интер сѐ поблиску до скудетото, Аталанта сега е втора

Atalanta BC vs Bologna at the Gewiss Stadium in Bergamo, Italy, 25 April 2021. ANSA/PAOLO MAGNI

Во последниот натпревар во неделата во рамките на 33-то коло од италијанското фудбалско првенство Аталанта беше убедлива со 5:0 против Болоња, со што стаса до втората позиција во Серија А.

Аталанта поведе во 22 минута кога Луис Фернандо Муриел Фруто убаво со петица го проигра стрелецот Руслан Малиновски, а потоа и самиот стана стрелец кога во 44 минута реализираше пенал. Дилемите околу победникот дефинитивно ги отстрани Ремо Фраулер во 57 минута, две минути подоцна погоди Дуван Запата а Алексеј Миранчук во 73 минута ја комплетираше „петардата“ на тимот од Бергамо. Болоња речиси целото второ полувреме играше без исклучениот Џерди Шоутен.

Аталанта сега со 68 бодови е на втората позиција, 11 помалку од водечкиот Интер, два повеќе од третиот Милан и четвртиот Јувентус, но „Росонерите“ имаа меч помалку. Болоња со 38 бодови е 12-та, 18 бодови повеќе од местата кои водат во Серија Б на пет кола пред крајот на сезоната.

Претходно во неделата Интер направи уште еден чекор кон освојувањето на својата 19-та титула со минималната победа над Верона. Во израмнетиот дуел пресуди погодокот на Матео Дармиан во 76 минута по брзиот противнапад и луцидниот погод на Ерискен.

Интер дојде до 24-та победа и 79 бодови, а Верона е десетта со 41 бод.

Јувентус оствари уште еден разочарувачки резултат со кој го доведе во опасност својот пласман во Лигата на шампионите следната сезона, отако во неделата одигра само 1:1 на гостувањето кај Фиорентина. Домашните поведоа откако во 29 минута Душан Влаховиќ реализираше пенал, а во 46 минута израмни Алваро Мората со одличен удар од искосо од десна страна.

Фиорентина со овој бод стаса до 34 бодови и се наоѓа на 14-то место, само три бода повеќе од Беневенто кој е во зоната на испаѓање.

Калјари на домашен терен оствари значајна победа во борбата за опстанок и тоа над Рома со 3:2. Домашните поведоа во 4 минута преки Харлампос Ликојанис а за гостите израмни Карлес Перез во 27 минута, потоа Калјари поведе со два погодока разлика преку Разван Марин во 57 и Жоао Педро во 64 минтуа, а Рома успеа да намали веќе до 69 минуата со голот на Федерико Фацио но не успеа да крајот да го избегне поразот.