Интернистот Спировски: Влегуваме во најопасните десет дена, инсистирајте на заштита дури и во најблискиот круг

Влегуваме во најопасните десет дена. Триесет проценти од испитаниците се позитивни на новиот коронавирус, алармира интернистот д-р Игор Спировски.

-Влегуваме во најопасните десет дена. Триесет проценти од испитаниците се позитивни, ако некогаш треба добро пазење и заштита, тоа е сега, напиша на Фејсбук д-р Спировски.

Спировски апелира да се ограничат максимално контактите и да се инсистира на заштита дури и во најблискиот круг на социјализација во следниве десет дена.