Интервјуто со Латас е симнато од Јутјуб

Спорното интервју со новинарот Драган Павловиќ Латас кај јутјуберот Стефан Лазаров, кое предизвика лавина од реакции во јавноста, а за искажаното се заинтересира и Обвинителството, е избришано од каналот на Јутјуб.

Видеото беше објавено пред пет дена, но предизвика многу реакции откако на социјалните мрежи се споделуваше делот во кој Павловиќ раскажува за негово сексуално искуство како тинејџер, со девојка која според неговата приказна била малтретирана и тепана во „фиќо“.

Скопското обвинителство веќе отвори предмет по скандалозното интервју во кое Латас зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 години имале сексуално искуство со девојка во автомобил, која притоа била и „шамарана“.

И од МВР потврдија дека секторот за компјутерски криминал презел мерки и денеска испратиле известување до надлежното јавно обвинителство со документиран материјал.