Компанијата „Cascade Investment“, во сопственост на еден од најбогатите луѓе на планетата Бил Гејтс, го зголему својот удел во одобрениот каптал на синџирот хотели „Four Seasons“ од 47,5 на 71,25 отсто, објави во средата деловниот весник The Wall Street Journal, а износот на зделката изнесувал 2,21 милијарди долари.
Според сознанијата на весникот, инфестицискиот фонд на Гејтс купил 23,75 акции од саудиската компанија „Kingdom Holding“. Трансакцијата треба да биде затворена во јануари 2022 година.
Неименуваните извори на The Wall Street Journal рекле дека моменталниот долг на компанијата изнесува околу 850 милиони долари. Благодарение на оваа транскација, пак, вкупната вредност на синџирот хотели сега се проценува на 10 милиајрди долари.
Копманијата „Four Seasons“ е основана во 1960 година од Канаѓанецот Исадор Шарп, кој во моментов поседува 5 отсто од акциите. Синџирот во моментов поседува 120 хотели и 46 станбени недвижности во 47 земји во светот.