Инзаги на клупата на Интер до 2025

Симоне Инзаги, кој е на должноста од јуни 2021., го продолжи својот договор како тренер на милански Интер до 2025 година, објави денеска актуелниот лидер во италијанската Серија А.

„Милански Интер со задоволство објавува продолжување на договорот со својот тренер Симоне Инзаги, кој сега е поврзан со клубот до 2025 година“, се наведува во краткото соопштение на италијанскиот клуб.

Интер под водство на Инзаги ги освои последните две изданија на италијанскиот куп (2022, 2023)

Инзаги седна на клупата на Интер во 2021 година, откако претходно го предводеше римски Лацио.