Ирачките власти, во рамките на подготовките на механизмот за повлекување на странските трупи од нејзината територија, го ограничи движењето на копнените и воздушните сили на меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД во Ирак, изјави во понеделникот портпаролот на началникот на генералштабот, генералот Абдел Карим Халаф.
„Ирачките власти подготвија механизам за повлекивање на американските трупи од територијата на земјата. Функциите на трупите на меѓународната коалиција ќе бидат ограничени само на советодавна улога, испораки на оружје и обука (на ирачките сили), а нејзините вооружени сили ќе заминат“, изјавил Халаф кого го цитира порталот Al Mawazin.
Притоа истакнува дека владата во Багдад ги ограничила дејствијата на меѓународните сили, како на копното, така и во воздухот. „Во моментов им е забрането да вршат какво и да е раздвижување“, додал Халаф.
Според него, САД во минатото изведувале одредени операции без знаење на главната команда на вооружените сили на Ирак.
„Неодамнешните американски удари се глупави работи со кои ние не можеме да се помириме“, истакнал додавајќи дека убиениот во американскиот напад во Багдад ирански генерал Касем Сулејмани „беше гостин на Ирак, врз кого не смееше да се изврши напад“. „Присуството на Сулејмани беше внатрешна работа на Ирак“, заклучува генералот Халаф.
Ирачкиот парламент побара од владата да донесе уредба за повлекување на странските војски од земјата, во прв ред на американските. На тоа американскиот претседател Доналд Трамп се закани со санкции за Ирак, во сличај на непријателски активности од страна на Багдад. Порача дека е подготвен да воведе против Ирак „такви санкции, какви што никош не виделе“, и додаде дека американските сили немаат намера да напуштат земјата сѐ додека Багдад не плати за воздухопловната база која чини „милијарди“ а ја градеа САД.