Ирачкиот Врховен суд ги ратификуваше резултатите од парламентарните избори

Врховниот суд на Ирак ги реатификуваше во понеделникот резултатите од парламентарните избори одржани на 10-ти октомври, откако ги отфрли обидите за оспорување на исходот од изборите од поразениот поранешен сојуз на милициите Хашед ал-Шааби.

Ратификацијата на изборните резултати доцнеше повеќе од два месеца, а сега се создаде просторот за инаугарацијска седница на новиот состав на парламентот во рок од две седмици според ирачкиот закон. По инаугурациската седница на парламентот, пратениците ќе го изберат претседателот, а тој ќе го именува премиерто.

„Сојузниот Врховен суд ги ратификуваше резултатите од парламентарните избори“, соопшто портпаролот на судот во Багдад.

Формирањето влада во мултиконфесионалниот и мултиетничкиот Ирак вклучуваше и сложени преговори секогаш од американската инвазија врз Ирак во 2003 година и уривањето на сунитскиот диктатор Садам Хусеин.

Шиитскиот клерик Моктада ал-Садр е прогалсен на 30-ти ноември најголем победник на изборите. Неговото движење освои речиси петтина од местата во парламентот, 73 од вкупно 329 мандат, многи повеќе од Сојузот Фатах (освојување), политички огранок на проиранската милиција Хашеда која освои само 17 пратенички места.

Водачите на Хашед не ги прознаа резултатите од изборите како „измама“. Во составот на парламентот кој заминува имаа 48 мандати. Хашед организираа протести и се жалеа на резултатите. Се надеваа дека изорите ќе бидат поништени , бнидејќи се „прекршени изборните правила“.

Сојузот Фатах, пак, тврдат дека системот на електронско гласање не успеал да ја препознае идентификацијата на отисоците на прстите од многу гласали и се жалеа на неисправноста на новиот електронски уред користен на изборите.