![protesti irak](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/protesti-irak.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Ирачките безбедносни сили убиле во четвртокот 16 демонстранти а рануле повеќе од 150 во градот Насирија во јужната провинција Ди-Кар, каде што се преселија протестите откако во Наџаф во средата ноќта беше запален конзулатот на Иран и е воведен полициски час.
Протестите во Ирак започнаа на почетокот од октомври со барање за оставка на владата, поради неспроведувањето на борбата со корупцијата, безработицата и влошените животни услови. Според ирачките медиуми, во континуираните протести и безрадија загинале над 300 лица, а повредени се околу 15.000 луѓе.
Палењето на иранскиот конзулат во Наџаф, јужен свет град за шиитите, додведе до ескалација на насилствата во Ирак по протестите против владата која сунитското малцинство (33 отсто) ја обвинува за поддршка од Техеран.
Властите објавија дека е воспоставен заеднички воено-цивилен „кризен штаб“, за да се направи обид да се сопрат насилствата. Воведен е и полициски час во Наџаф. Иран го осуди нападот врз неговиот конзулат, порачувајќи дека ирачките власти се одговорни за заштита на објектот.
„Ирачкара влада има одговорност да ја гарантира безбедноста на диплоамтските мисии и дипломатите во Ирак… Техеран силно го осудува нападот и бара од ирачката влада поцврст одговор кон сторителите“, изјави во четвртоткот портпаролот на иранското министерство за надворешни работи.
Претходно и ирачката влада го осуди нападот врз иранскиот конзулат, порачувајќи дека инцидентот не го одразува официјалниот став на Ирак. Ирачките демонстранти во средата вечерта ја запалија зградата на иранскиот конзулат во Наџаф.
Очевидци изјавуваат дека војската употребила боева муниција и солзавец за да ги растури демонстрантите. Ирачкио воен командант објави дека во повеќе провинции на југот од земјата се испратени дополнителни сили. „Формиран е кризен штаб под надзор на гувернерите, за да се воспостават безбедноста и редот“, се наведува во соопштението.