Ирачките сили пред целосна победа во битката за Тал Афар

Ирачките владини сили со помош на паравоените шиитски милиции, во неделата се наоѓаат пред целосното заземање на градот Тал Афар едно од последните урбани упоришта на екстремната сунитска организација Исламска држава на ирачка територија.

Во саботата, една седмица по почетокот на офанзивата, заедничката оперативна команда која ги координира борбите против Исламската држава, објави дека ирачките сили сега контролираат „94 отсто“ од градот, односно 27 од 29 населби во последното упориште на џихадистите во покраините Нинева, а во неделата претпладнето објавија дека ги контролираат сите населби.

Во истата покраина џихадистите на почетокот од јули го загубија Мосул, вториот по големина ирачки град коешто беше најголемото нивно упориште во Ирак, 63 километри источно до Тел Афар.

По заземањето на центарот на Тал Афар и неговата древна отоманска крепост на којашто ирачките сили веднаш го истакнаа ирачкото државно знаме. Борците на 9-та дивизија на ирачката армија, заедно со борците на шиитската милиција Хашд ал-Шааби ја повратиле целосната контрола врз населбата ал-Аскари, индустриската зона и на соседното село аАл Рама.

Но борбите во неделата продолжуваат. Целта е да се врати контролата над ал-Ајадија, локалитет 11 километри северно од Тал Афар. Тоа село е важно за борбата против Исламската држава бидејќи се наоѓа на единствениот пат по кој од Тал Афар џихадистите може да се повлекуваат кон Сирија.