Ирак бара брзо завршување на воената мисија на САД на својата територија

Ирак бара брзо и на соодветен начин договорено заминување на меѓународните воени сили предводени од САД од својата територија, но засега крајниот рок не е зададен, изјави премиерот Шиа ал-Судани, оценувајќи ја присутноста на странски сили на ирачка територија како дестабилизирачки фактор, особено во контекстот на израелската војна во Појасот Газа и сѐ поизгледната можноста за прелевање на овој судир во регионот на Блискиот исток.

Политичките фракции на мнозинските шиити во Ирак, од кои повеќето имаат добри односи со соседен Иран, со години наназад повикуваат на заминување на коалициските сили предводени од САД, а тие повици станаа сѐ погласни последниот период.

Премиерот ал-Судани првпат официјално го спомена ова барање пред пет дена, ден откако САД убија во главниот град Багдад лидер на шиитската милиција, што по таквите низата такви операции изминатите години предизвика нов излив на гнев кај шиитското мнозинство во Ирак коешто од владата која ја сочинуваат главно шиитските партии со поддршка на шиитските движења бараат да го прекине присуството на американската коалиција во Ирак.

Пентагон во понеделникот објави дека воопшто нема планови за повлекување на американските трупи, а коишто во Ирак се наоѓаат наводно на повик на една од претходните влади во Багдад по инвазијата во првата Заливска војна. Аналитичарите предупредуваат дека повлекувањето на американските сили од Ирак би го направило неодржливо американското воено присуство во соседна Сирија, што оди во прилог како на владата во Дамаск, така и на шиитското либанско движење Хезболах, и пошироко на Иран. Истовремено, тоа ќе ја направи и потешка логистички американската потенцијалната директна воена поддршка за Израел,

Американските воздушни удари уследија како одговор на десетиците напади со дронови и проектили врз американските бази откако Израел ја започна инвазијата во палестинската енклава Појасот Газа, ја загрижија владата во Багдад дека Ирак може повторно да стане сцена на регионален судир.

Американските трупи се нападнати најмалку 60 пати во Ирак и во Сирија од почетокот на војната во Газа. Американската војска во Ирак има бази сега со 2.500 војници по инвазијата во оваа земја во 2003 година, а во Сирија има десетина бази со сега 900 војници во североисточниот дел каде со инвазијата по 2011 година ги држи под окупација најбогатите сириски наоѓалишта на нафта и непречено незаконски ги експлоатира. Сирија и Турција изминатите години ги обвинија САД дека во базите на сириската територија ги обучува припадниците на Исламската држава и на Работничката партија на Курдистан (PKK) кои подоцна изведуваат терористички напади во двете земји.

„Постои потребата нашиот однос да биде реорганизира така што повеќе да не биле дел или оправдување за која и да е страна, домашна или надворешна, злонамерно да се поигрува со стабилноста на Ирак и на регионот. Ајде да се договориме за временската рамка за заминување на коалициските сили кој би бил брз, за да не се одолговелквуа и за да не продолжиат и натаму да се случуваат“, изјави премиерот ал-Судани додавајќи дека заминувањето на странските трупи би требало да биде договортено во духот на „разбирањето и дијалогот“.

Според него, само крајот на војната во Појасот Газа би го отстранил ризикот од регионална ескалација на Блискиот исток.

Американското повлекување од Ирак бездруго би го загрижило Вашинготн поради влијанието на деценискиот непријател на САД – Иран врз шиитското мнозинство во Ирак. По странската инвазија врз Ирак предводена од САД во 2003 година, сунитските џихадистички групации извршуваа големи удари врз шиитското мнозинство, што го зајакна само влијанието на шиитските милиции и политичари кои се наклонети кон Иран. Покрај тоа, не треба да се заборави дека ирачкиот премиер ал-Судани има само ограничена контрола над некои шиитски фракции, чијашто поддршка му беше неопходна да дојде на власт пред една година, а кои сочинуваат моќен политички блок во неговата владејачка коалиција.

Ирак, втората најголема членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), е меѓу пожестоките критичари на израелската војна во Појасот Газа, но исто така повторува дека нападите на вооружените групации врз странските сили и дипломатски мисии во Ирак се незаконски, како и дека се спротивни на интересите на земјата. Ирак тврди дека уапсил некои сторители и дека спречил некои напади. Меѓутоа, официјален Багдад жестоко ги осуди американските целени убиства и напади врз вооружените милиции како сериозно повредување на ирачкиот суверенитет.

Вашингтон критикува дека тие групации, меѓу кои се Катаеб Хезболах и Харакет Хезболах ал-Нујаба, наводно го злоупотребуваат својот статус ленови на Народните мобилизациски сили (PMF), која заедно со доброволечките шиитски единции од Иран го понесоа најголемиот товар во копнените операции кога во ноември 2017 година беше поразена ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава, кои сега се државните безбедностни сили, како параван. САД тврдат дека кога овие групи ги напаѓаат американските бази, тоа го прават надвор од командниот синџир на ирачката војска и под знаметоа на Исламскиот отпор во Ирак, а потоа кога Вашинтгот ќе возврати своите загуби ги претставуваат како припадници на PMF.

Ал-Судани, сепак, смета дека повеќе нема причини за присуство на странските трупи во Ирак, бидејќи Исламската држава е поразена, како и дека земјата сега е способна самата да се брани од тероризмот, но дека е отворен за воспоставување на билатералните односи и соработката во областа на безбедноста, вклучително и обуката и советувањето на ирачктие сили за безбедност, како и купувањето на оружје.

Јасно е дека ал-Судани со оваа појава сака да воспостави некакава привидна рамнотежа со САД, имајќи предвид дека во Багдат уште од 2015 година функционира регионален безбедносен центар кој го координира Русија, како и дека откако минатите години Вашингтон одбиваше на Багдад да му продаде борбени воздухоплови, ирачките власти се свртија кон договори со Москва.

„САД не се нашиот непријател, не сме во војна со Соединетите држави, но доколку тензиите продолжат, тие сигурно ќе имаат последици и ќе се создаде јаз во нашиот однос“, рече ал-Судани.