САД наредија повлекување на повеќето од персоналот од Ирак

Американскиот Стејт департмент нареди повлекување на најголекиот дел од американскиот пересонал од дипломатските претставништва во Ирак, порача амбасадата на САД во Багдад во средата, во екот на растечките тензии меѓу Вашингтон и Техеран.

Наредбата го опфаќа персоналот кон не е задолжен за вонредни ситуации во во американската амбасада во Багдад и во конзулатот во Ербил, во автономната покраина Курдистан, се наведува во соопштението на амбасадата.

„Услугите за издавање визи ќе бидат привремено запрени на двете локации“, се додава во соопштението.

Наредбата следи само ден откако американската Централна команда ги стави во состојба на тревога војниците во Ирак и Сирија поради наводно „веродостојни закани“ од страна на иранските сили во регионот.

Вашингтон минатата седмица во водите на Блискиот исток го распореди воениот брод „USS Arlington“ со противоздушниот ракетен систем „Patriot“ на Блискиот исток. Новата борбена група е испратена со седмици пред предвидениот рок, слично како и групата на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ кој е испратен во истиот регион минатиот викенд, а што треба да претставува јасна порака за Иран. Во американската воена база во Катар пристигнаа и бомбардерите „B-52“, објави централната американски команда CENTCOM, објаснувајќи ги потегот како одговор на наводните закани од Иран.