Ирак доби нов претседател и мандатар за избор на влада

Ирачкиот парламент вчера за претседател на земјата го изгласа шиитскиот политички ветеран, Бархам Салих, објави државната телевизија.

Денес е исклучителен ден во Ирак. Демократијата победи, изјави пратеникот Рабвар Таха од Патриотската унија на Курдистан, партијата која го номинирала Салих за претседателската позиција.

Тој беше еден од  20 кандидати номинирани за таа позиција, а за кого, според националната телевизија, гласале 220 од 273 присутни пратеници.Веднаш по изборот, Салих му го понуди мандатот за формирање на Владата на Адел Абдел Махди, кој е исто така шиитски политичар.

Претседателската функција во Ирак е претежно церемонијална, а извршната власт е во рацете на премиерот.

Во согласност со уставот на Ирак, Махди сега има 30 дена да формира влада и да го претстави својот кабинет до Парламентот, кој потоа мора да го одобри.

Салих, пак, имал 15 дена да избере кандидат кој ќе ја формира нова влада, но тоа го направи само два часа откако беше назначен за претседател.

Махди беше независен кандидат за премиер, а претходно беше заменик-претседател, министер за нафта и за финансии. Според Ројтерс, Махди не е во сојуз со ниту еден од двата блока предводени од шиитите.