Ирак ќе ги враќа своите мигранти од Белорусија кои тоа ќе го побараат

Ирачката влада работи на тоа да напарви список на ирачките миранти кои се заглавени на белоруско-полската граница коишто „доброволно“ сакаат да се вратат во Ирак и ќе им понудат „итен одговор“ изјавиле во петокот од ирачката дипломатија за AFP.

„Подготвени сме да организираме повеќе од еден лет за да пружиме итен одговор на сите кои доброволно сакаат да се вратат“, изјавил Мохамед ал-Сахаф, портпарол на ирачкото министерство за надворешни работи во врска со ирачките мигранти, главно ирачки Ќурди, кои заглавија на источната надворешна граница на Европската унија.

До три илјади мигранти од Блискиот исток, главно Курди, со денови се блокирани во импровизиран камп на белоруската територија во непосредно до границата, во надеж дека ќе успеат да влезат во Полска.

Но нивната судбина стана предмет на криза меѓу Западот и Белорусија. Западните земји во четвртокот во ОН ја осудија „оркестрираната инструментализација на човечките суштества“.

Кирдските мигранти од Ирак велат дека бегаат поради сиромаштијата и нестабилноста во нивната автономна покраина. Ирачката дипломатија, во намерата да им помогне, на границата испрати своите дипломати од Москва и од Варшава за да се „увери во нинвата безбедноста и да стапи во комуникацијата со надлежените власти“, додаде ал-Сахаф.

Белорускиот конзулат во Ербил, главниот град на ирачката покраина Курдистан, како и во Багдад, кои досега издавале наводно туристички визи за Ирачаните, „привремено се затоврени уште од минатата седмица“, рекол ал-Сахаф.

Ирачката воздухопловна компанија „Iraqi Airways“ привремено ги запре летовите од Багдад за Минск во август мината година „до поинаква одлука“, изјави за AFP, Хусеин Џалил, порптароклот на националната компанија. „Но добивле дозвола за превезување на Ирачаните кои заглавија“ во Белорусија, додал.

Ирачките мигранти во август почнале во позначајни бројки да пристигнуваат со индректни летови преку Турција. Но во петокот турската авиокомпанија „Тurkish Airlines“, како и белуруската државна „Белавиа“ во петокот објавија дека престануваат на летовите од Турција за Белорусија да ги превезуваат државјаните на Ирак, Јемен и Сирија, а турските власти објавија дека го забрануваат качување на лица од овие земји на сите летови од турските аеродроми кон Минск.