Ирак побарал помош од други држави за борба со џихадистите

Ирак веќе побарал воена помош за борбата против џихадистичките бунтовници од други држави неможејќи повеќе да ја чека дополнителната помош од САД, соопштил амбасадорот на оваа земја во САД, Лукман Фајли.

Фајли изјави дека има можност Ирак да прифати помош од Иран. Багдад прифати воено-воздухопловна помош од Русија.

САД досега не изразиле подготвеност да изведат воздушни напади во Ирак, но и не ја исклучија оваа варијанта за дејствување, забележаа американските медиуми.

Амбасадорот Фајли, меѓутоа, подвлече дека Ирак има очајна потреба од американска помош за да се избори со настапувањето на исламистичката група „Исламска држава во Ирак и Левантот“, која во текот на викендот прогласи „Исламска држава“ и калифат во областите од Ирак и Сирија што таа ги контролира.