![Mohamed Sia al Sudani](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/Mohamed-Sia-al-Sudani.jpg?resize=696%2C475&ssl=1)
Ирачката влада започнува процес на отстранување на западната воена коалиција предводена од САД од земјата, соопшти во петокот кабинетот на премиерот Мoхамед Шиа ал-Судани.
Американските трупи се нападнати најмалку 60 пати во Ирак и во Сирија од почетокот на војната во Газа. Американската војска во Ирак има бази сега со 2.500 војници по инвазијата во оваа земја во 2003 година, а во Сирија има десетина бази со сега 900 војници во североисточниот дел каде со инвазијата по 2011 година ги држи под окупација најбогатите сириски наоѓалишта на нафта и непречено незаконски ги експлоатира. Сирија и Турција изминатите години ги обвинија САД дека во базите на сириската територија ги обучува припадниците на Исламската држава и на Работничката партија на Курдистан (PKK) кои подоцна изведуваат терористички напади во двете земји.
Изјавата на премиерот ал-Судани следеше ден откако САД убија во главниот град Багдад лидер на шиитската милиција, што по таквите низата такви операции изминатите години предизвика нов излив на гнев кај шиитското мнозинство во Ирак коешто од владата која ја сочинуваат главно шиитските партии со поддршка на шиитските движења кои од владата бараат да го прекине присуството на американската коалиција во Ирак.
„Владата одредува датум за почетокот на билатералната комисија за постигнување договор за трајно завршување на присутноста на меѓународните коалициски сили во Ирак“, се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот ал-Судани.
Во комисијата ќе бидат претставници и на воената коалиција, рекол за Reuters неименуван функционер во ирачката влада.
Американската војска изведе напад во четвртокот во Багдад велејќи дека тоа е одмазда за неодамнешните напади врз американскиот воен персонал во базите, соопшти Пентагон.
Шиитските милиции кои дејствуваат од Иран преку Ирак до Сирија кои се противат на израелската војна во палестинската енклава Појасот Газа, против палестинското сунитско исламистичко движење Хамас како што тврди Израел од каде сѐ почесто се слушаат сугестии за преселување на палестинското население, и исто така сметаат дека за тоа делумно се одговорни и САД.
Ирачкиот премиер ал-Судани има ограничено влијание и контрола над некои шиитски фракции коишто одржуваат тесни врски со Иран, чијашто поддршка му беше неопходна за да дојде на власт пред една година, а кои соочинуваат моќен блок во неговта владејачка коалиција.
Нејасно е дали оваа изјава на официјален Багдад би требало да се толкува како фингирање поради новонастанатите внатрешнополитички причини во Ирак или, пак, најавената комисија навстина ќе го започне процесот на завршување на американската воена присутност во Ирак, што е долгогодишна цел на соседен Иран и на групациите на Блискиот исток кои соработуваат со Техеран, наведува Reuters.
Пентагон не одговорил на барањето на агенцијата за коментар на објавата од кабинетот на ал-Судани и ги упатиле новинарите на изјавата од четвртокот на највисокиот воен портпарол кој Ирак го опиша како „важен партнер“.
„Ќе продолжиме тесно да се консултираме со ирачката влада за безбедноста на американските сили. Во меѓувреме и натаму ќе бидеме силно сосредоточени на мисијата Победа над Исламската држава“, изјави генерал-полковникоте Патрик Рајдер на брифингот со новианрите во четвртокот.
Всушност, главната тежина во копнените операции во борбите за уништување на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава во Ирак, па и во Сирија, падна токму на шиитските милиции кои меѓусебно се сметаат за отпадници од верата, додека американската војска даваше силна воздушна поддршка за елиминирањето на џихадистичката групација којашто во летото 2014 година се отцепи од Ал Каеда и ненадејно зазема големи територии од Ирак и Сирија кои ги држеше до ноември 2017 година. САД тогаш прогласија победа над Исламската држава, но велат дека фракции на групацијата сѐ уште се активни на Блискиот исток и повремено изведуваат терористички напади во регионот и пошироко.