Ирак протестира за американските напади со 19 жртви

Американскиот напад со беспилотни летала, врз ирачката шиитска милиција во кој се убиени 19 нејзини борци во близина на границата со Сирија, го нарушува суверенитетот на Ирак, порачал во неделата вечерта челникот на преодната влада во Багдад, Адел Абд ал-Махди во телефоснкиот разговор со американскиот министер за одбрана, Марк Еспер.

Според портпаролот на ирачкиот преоден премиер, Абд ал-Махди во разговрот со Еспер истакнал дека Багдад „уште одамна изјавил дека ги смета за неприфатливи сите еднострани дејствија на коалициските сили (предводени од САД) или кои и да се други сили во Ирак“.

„Нападите ги гледаме како нарушување на суверенитетот на Ирак и опасна ескалација којашто ја загрозува безбедноста на Ирак и регион“, изјавил претставникот на Абд ал-Махди, кого го цитира ирачката новинска агенција INA.

Во извештајот на агенцијата се додава и дека преодниот премиер свикал итен вонреден состанок на националниот Совет за безбедност.

Претходно во неделата командата на ирачката шиитска милиција ал-Хашд ал-Шааби, соопшти дека 19 нејзини борци се убиени и уште 35 се ранети во напад на американски вбеспилотни летала врз нивната база. Во соопштението се наедува дека биле нападнати позициите на 35-та и 36-та бригада на милицијата во ирачката покраина Анбар.

Подоцна помошникот на шефот на американски Пентагон, Џонатан Хофман, потврди дека САД извеле удари врз пет цели на групацијата Катаиб Хезболах, три во Ирак и два во Сирја, којашто влегува во составот на ал-Хашад ал-Шааби, „како одговор на повторените напади од страна на Катаиб Хезболах врз бази во Ирак“ во кои се стационирани американски војници.

САД тврдат дека групацијата Катаиб Хезболах е поврзана со разизнавачката служба „Ал Кудс“ на иранската Револуционерна гарда.

Ден претходно медиумите објавија дека американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигнал во ненајавена посета на Ирак. Според информациите, шефот на Стејт департментот ја посетил американската воена база Аин ал-Асад, лоцирана во провинцајата Анбар.

Посетата на Помпео се случи ден откако беше гранатирана уште една американска воена база во соседната провинција Киркук. Централната команда на САД објави дека во базата во близина на ирачкиот град Киркук била под ракетен напад, при што бил убиен еден американски војни, а ранети уште двајца.