Ирак во март извезол нафта во вредност од 11 милијарди долари, најмногу во 50 години

Ирак во март извезол нафта во вредност од 11,07 милијарди американски долари, најмногу во половина век, додека цените на сировата нафта пораснале поради стравувањата од нарушување во руската инвазија во Украина, соопшти ирачкото министерство за нафта.

Ирак, вториот најголем произвидел во Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), извезол „100.563.999 барели во вредноста од 11,07 милијарди долари, што е најголемиот приход од 1972 година“, соопшти министерство.

Податоци објавени во петокот вечерта се прелиминарни, но конечните податоци „обично не варираат многу“, рекол за AFP функционер на ирачкото министерство за нафта кој сакал да остане анонимен.

Во февраури приходите од нафта го достигнале осумгодишниот максимум од 8,5 милијарди долари со девен извоз до 3,3 милиони барели. Приходите од извозот на нафта сочинуваат повеќе од 90 отсто од приходите на Ирак.

Цените на сировата нафта пораснаа поради стравувањата од големи нарушувања откако на 24-ти февраури започна руската офанзива во Украина. Русија е вториот најголем производител на нафта по Саудиска Арабија.

Картелот на земјите производители на нафта OPEC и нивните сојузници предводени од Русија договорија во четвртокот уште едно скромно зголемување на производството на нафта и го отфрлија притисокот од Западот предводен од САД значително да го зголемат производство по потресот на цените предизвикан од украинската војна.

Тринаесетти членки на OPEC предводени од Саудиска Арабија и десетте земји предводени од Русија, познати како групата OPEC+, поддржаа зголемувањето од 432.000 барели дневно во мај, што е незначително повеќе отколку во претходните месеци.

САД ги повикаа OPEC+ да го зголемат производството, бидејќи поради западните санкции наметнати на Русија, пораснаа цените на енергијата придонесоа за сѐ поголема инфлација во целиот свет и протести и кризи посебно на Западот, со што сериозно е загрозено закрепнувањето од пандемијата на коронавирусот.

Иако OPEC одби да попушти, САД објавија дека ќе ги искористат своите стратешки нафтени резерви во рекордни количества за да помогнат да се намали растечките цени. Во петокот цената на нафтата беше околу 100 долари по барел.