
Во изминатите 24 часа во Иран регистрирани се рекордни 3.825 новозаболени со Covid-19 или на секои 23 секунди пријавен е нов случај, соопшти во четвртокот иранското министерство за здравство.
Во истиот период во земјата од последици од новиот коронавирус починале 211 луѓе, односно на секои седум миниути бил пријавуван по еден смртен случај.
„Со рапидниот раст бројот на смртни случаи се искачи на 23.380, а над 460.000 луѓе се инфицирани со коронавирусот“, изјави портпаролот на иранското Министерство за здравство, Сима Лари.
Експертите бараат итно воведување на карантин, на што се спротиставува иранскиот претседател Хасан Рохани поради еконоската криза во земјата.