Иран чува 300 тони нуклерано оружје кај Техеран

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран дека поседува „тајни атомски магацини“ во околина на главниот град, и покрај договорот со светските сили од 2015 година. Нетанјаху ова го изјави на заседанието на Генералното собрание на ОН, каде на светските лидери им покажа плакат со карта на областа во близина на Техеран во која Иран, наводно, чува околу 300 тони нуклеарно оружје и материјали во објекти со необичен изглед, пренесува АП.

Неговата објава,  која ја претстави како големо откритие на највисоката меѓународна сцена, следеше само четири месеци откако Израел тврдеше дека постои „половина тон ирански нуклеарни документи“, кои ги открила израелската разузнавачка служба во  Шурабаду во близина на Техеран.

Израел наведе дека тоа докажува оти иранските лидери ја прикривале нуклеарна програма пред да го потпишат нуклеарниот договор во 2015 година.

Мора да се прашате: Зошто Иран чува и крие атомски магацин? Тоа што Иран го крие, Израел ќе го пронајде, рече Нетанјаху, но не прецизираше за кој материјал и каква опрема се работи.

Не е јасно ниту дали ова е кршење на нуклеарниот договор.

 

 

Нетанјаху изјави дека иранските лидери го чистат радиоактивниот материјал од овој терен и го „шират“ околу Техеран, а потоа сугерираше дека жителите на иранскиот главен град можеби ќе сакаат да купат Гајгеров бројач.

По обвинувањата на Нетанјаху, Иран го исористи правото на реплика, па иранските претставници одговорија  дека во која е наведено дека неговите „грешки и изјави ја потврдуваат патолошката желба да зборува монструозни лаги и да ја искривува реалноста“.

 

Реагираше и иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, кој на „презентацијата“ на Нетанјаху изјави дека е „уметничко и занаетско шоу“.

Тој на својот Твитер напиша дека израелските обвинувања се неточни.

Единствената цел на ова е да се потисне реалноста, а тоа е дека Израел е најголемата закана за регионот, напиша Зариф на Твитер и рече дека набљудувачите на ОН и Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека Иран го почитува нуклеарниот договор.