Иран поседува докази за трговијата со нафта меѓу Турција и ИД

Иран има докази за незаконската трговија со нафта меѓу Турција и ИД – Исламска држава и подготвен е на Анкара и јавноста да ги изнесе информациите за тоа. Техеран поседува фотографии и видео снимки од цистерни што влегуваат во Турција, изјави ирански функционер, пренесува „Раша тудеј“.

Ако Владата на Турција не е информирана за трговијата со нафта на Даеш во таа земја, ние сме подготвени да им ставиме нашите информации на располагање, изјави секретарот на Советодавниот совет на врховниот водач на Иран Мохсен Резаи.

Резаи образложи дека Иран поседува фотографии и видео докази на кои се гледа како цистерни на ИД влегуваат во Турција во конвои и дека Иран е подготвен да ги објави истите.

Иран, прецизираше Резаи, поседува фотографски и видео докази дека нафтата на ИД влегува во Турција во камиони и подготвени сме тие информации да ги објавиме. Резаи, воедно, ги повика сите земји кои се борат против ИД да се концентрираат на искоренување на тероризмот.

Претходно неделава, руското министерство за одбрана објави мапи и сателитски снимки што според нив докажуваат дека Турција е главен потрошувач на прокриумчарената нафта на ИД од Сирија и Ирак. Министерството исто така тврдеше дека семејството на турскиот престедател Реџеп Тајип Ердоган и тој самиот се вмешани во криминалните зделки.

Ердоган веднаш ги отфрли ваквите обвинувања. Повеќе за ова на следниот линк.