Иран го обвинува САД за „економски тероризам“

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф денеска ги побара од САД веднаш да ја запрат „кампањата на економски тероризам“ и да ги укинат санкциите, потенцирајќи дека земјата не е во состојба да ги увезува лековите и медицинската опрема што е потребна за борба против новиот коронавирус.

Зариф, во писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, посочи дека американските санкции оставиле илјадници Иранци „заглавени“ во странство.

– Додека другите земји дебатираат за тоа како да го контролираат ширењето на вирусот, нашите луѓе не само што страдаат од последиците, немајќи пристап до медицинска опрема, туку и затоа што на многу начини американскиот економски тероризам уништи многу домаќинства и пред појавата на Ковид-19. и со доаѓањето на вирусот, ситуацијата само се влоши, рече Зариф.

Тој додаде дека е неопходно Обединетите нации и нејзините членки да се придружат на иранските граѓани во барањето до американската влада да го напушти „малигниот и неплоден пристап кон Иран“.

Портпаролот на ОН Стивен Дижарик изјави дека Гутереш е „длабоко загрижен“ поради епидемијата на Ковид-19 во Иран и дека системот на ООН дава поддршка.

– Шефот на ОН е добро запознаен со недостигот на лекови и медицинска опрема, што дополнително ја отежнува борбата против епидемијата во Иран и ги повикува сите членки да помогнат и да ги поддржат напорите на Иран во овој критичен момент, рече Дижарик.

Иранското Министерство за здравство денеска соопшти  дека 429 починале во Иран и 10.075 лица се заразени од новиот коронавирус.