Иран го забрани увозот на американски и британски вакцини против коронавирусот

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, го забрани вио петокот увозит на вакцините против Covid-19 од САД и од Велика Британија, опишувајќи ги овие западни сили како „несигурни“.

Ајатолахот Али Хамнеи ги обвини САД и Обединетото Кралство, доглогодишни непријатели на Иран, дека можеби настојуваат да ја прошират заразата во другите земји во светот.

Додаде дека Иран ќе ги набави вакцините против Covid-19 „од други сигурни региони“. Не наведе на кои земји мисли, но познато е дека Русија и Кина се ирански сојузници.

„Увозот на американските и британските вакцини во земјата е забренет. Тие се потполно несигурни. Не би било неверојатно да сакаат да ги контаминираат другите нации“, изјави Хамнеи во телевизиското обраќање.

Додаде дека не може да им се верува ниту на француските вакцини порадио скандалите од 1980-те и 1990-те години кога стотици заболени од хемофилија се заразија со ХИВ по трансфузијата со заразена крв.

Веднаш по обраќањето на ајатолахот Хамнеи, портпаролот на иранската организација Црвена полумесечина (IRCS), Мохамад Хасан Косјан Мокамад изјави дека „е откажан увозот на 150.000 дози од вкацината против коранвирусот на американската компанија Pfizer“.

„Подготвени сме да соработуваме, доколку е потребно, доколку министерството за здравство, лекување и медицинско орбразование побара (увоз на вакцините) од источните земји“, изјави за агенцијата IRNA, портпаролот Мокамад.

Иран кон крајот на декември започна со клинички испитуваа на својот препарат за вакцина против коронавирусот, и објави дека тоа ќе ѝ помогне на земјата да ја победи пандемијата на коронавирусот и покрај американските санкции кои влијаат и на можноста земјата да остане без вакцини.

Иран потврдил повеќе од 1,2 милиони зарази и повеќе од 55.000 починати, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“.