![buser iranska nuklearna centrala](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/buser-iranska-nuklearna-centrala.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Техеран никогаш нема да ѝ ги предаде снимките од внатрешноста на некои од иранските нуклеарни постројки на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), бидејќи истекол договорот за надзор, порача во неделата претседателот на иранскиот парламентот.
„Договорот истече… Меѓународната агенција за атомска енергија никогаш нема да добие пристап до податоците, а снимките ќе останат сопственост на Иран“, изјави парламентарниот спикер Мохамад Бакер Калибаф.
Одлуката би можела дополнително да ги компликува преговорите меѓу Иран и западните земји, вклучително и Русија и Кина, за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година откако САД еднострано во мај 2018 година се повлека од договорот а Техеран поради повторното наметнување на ригоризните санкции започна со суспендирање на дел од своите обврски од спогодбата.
Во февруари годинава Иран и IAEA постигнаа привремен договот со важност од три месеца за инспектирање на иранските нуклеарни постројки, кој потоа на 24-ти мај беше продолжен за уште 30 дена. Според овој договор, податоците се собираат така што би можеле да се споредат со „црната кутија“, а испекторите на Агенцијата може да им простап дури дополнително.
Споменатата агенција на Обединетите нации во петокот од Иран бараше брз одговор за тоа дали ќе го продолжи договорот за контролата кој престана да важи ноќта кон петокот. Иран претходно во средата објави дека Врховниот совет за национална безбедност ќе одлучи за обновување на договорот, дури откако потполно ќе истече.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во петокот изјави дека евентуалната одлука на Тегенра да не го продолжи договорот за надзор, ќе претставува сериозен проблем за сеопфатните преговори.