Повлекувањето на САД од договорот за нуклеарната програма со Иран е незаконска и погрешна, и истовремено ги обезвреднува меѓународните договори, одговори во вторникот вечерта коментаторот на иранската државна телевизија на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, а американските сојузници во Европа изразуваат жалење.
Американскиот претседател Доналд Трамп малку по 20 часот по средноевропско време објави дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Иран кој го потпишаа шесте светски сили во 2015 година, нарекувајќи го „катастрофален“ и најави повторни воведување на американските економски санкции против Техеран.
Одлуката за повлекувањето е незаконска и погрешна, и истовремено ги обезвреднува меѓународните договори, објави иранската државна телевизија.
Иранскиот претседател Хасан Роухани кој најави дека веднаш во вторникот ќе му одговори на американскиот колега по должност на повлекувањето од нуклеарниот договор, порача дека Трамп веќе покажа дека не ги почитува меѓународните договори, алудирајќи на претходното повлекување на САД од некои економски регионални договори, како и од Климатскиот договор од Париз.
Роухани, исто така, порача дека Техеран и покрај одлуката на Вашингтон, ќе остане во договорот. Иран е подготвен да продолжи на проектот на разговорите со земјите членки на Европската унија, коишто се потписнички на договорот, порача Роухани.
Официјални Париз, Лондон и Париз, изразија жалење поради одлуката на Вашингтон.
Францускиот претседател Емануел Макрон разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и со британската премиерка Терезе Меј околу 19,30 часот, објави Елисејската палата без дополнителни поединости или половина час пред објавувањето на одлуката на Трамп.
Според најавите, трите земји потписнички на нуклеарниот договор со Иран подготвуваат заеднички став за подоцна.
Високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, ја повика меѓународната заедница да се придржува до договорот со Иран иако Трамп најави дека САД ќе се повлечат од него.
„Особено сум загрижена од вечерашната најава за нови санкции. Европската унија е решителна да го зачува. Заедно со остатокот од меѓународната заедница ќе го зачуваме овој нуклеарен договор“, изјави Могерини во врска со договорот,
Договорот меѓу Иран и шесте светски сили од кои петте постојани членки на Советот за безбедност при ОН – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија, ја ограничува иранската нуклеарна програма за збогатување на ураниумот за да не може да се дојде до ниво од кое лесно може да се произведе нуклеарно оружје како и да биде подложена на континуира и ненадејни инспекции од меѓународните експерти. За возврат беа укинати децениските економски меѓународни санкции против Иран, што започна да функционира од средината на јануари 2016 година.