Иран: Нуклеарните преговори ги поткопува отпорот на САД да ги укине санкциите

Неволноста на САД да ги повлечат сите санкции против Иран е најголемиот предизвик во обидот да биде заживеан нуклеарниот договор меѓу Техеран и шесте светски сили, изјавија во неделата од иранското министерство за надворешни работи.

Индиректните разговори меѓу Вашингтон и Техеран за договорот повторно застанаа во петокот, а двете страни објавија дека ќе ги продолжат следната седмица. Западни фунцкионери тврдат дека Исламската Република има претерани барања.

„Сега е јасно дека неволноста на Вашингтон потполно да се откаже од санкциите се главниот предизвик за напредок на преговорите. Сметаме дека договорот е надофат доколку американската влада се откаже од својата кампања на максимален притисок, а европските страни во преговорите покажуваат сериозна флексибилноста и политичка волја“, изјавил за иранската новинска агенција Tasnim неиуменуван функционер од министерството за надворешни работи.

Иран и светските сили ги започнаа новите преговори во април годнава во обидот да се постигне Вашингтон и Техеран повторно да ги почитуваат одредбите од договорот од 2015 година, со кои беа укинати децениските санкции против Иран во замена за ограничување на неговата нуклеарна програма до ниво од кое не може да се добие нуклеарно оружје.

Во пролетта 2018 година, тогашниот американски претседател Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од договорот во настојувањето да започнат нови преговори кои ќе ја вклучат и ракетната програма на Иран, веќајќи ги на сила санкциите. Техеран, откако европските потписнички на договорот, Франција, Германија, Велика Британија и Европската унија не успеаја да ја заштитат девстираната иранска економија од дејството на американските санкции, постепено почна да ги суспендира своите обврски од договорот, особено оние кои се однесуваат на количеството и степенот на збогарување на ураниумот.

Новиот круг разговори запна во јуни, кога на иранските претседателски избори победи тврдолинијашот Ебрахим Раиси за кој се смета за изразено антизападно ориентиран. Иран бара укинување на сите американски санкции, како услов за продолжување на преговорите и враќањето во договорот.